Словенечката влада донела одлука, сите кои пристигнуваат во Словенија од Македонија да бидат во задолжителен 14 дневен карантин, пренесува МИА.
Ова одлука се должи на зголемениот број на нови регистрирани позитивни случаи на КОВИД19 во Македонија.
Словенија не е единствената земја која воведува рестрикции за граѓаните кои допатуваат од Македонија.
Црна Гора исто така најави дека нема да ги отвори границите за граѓаните од Македонија поради ризикот од ширење на вирусот.
Македонија е единствената земја од регионот која засега неуспеа да се избори со епидемијата и да го стави ширењето на вирусот по контрола. Поради тој факт се очекува и други држави да воведат рестрикции за македонските граѓани.
Извор: mia.mk