Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година бележат раст од 0,3 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика.

Месечното зголемување најмногу се должи на порастот на цените кај интермедијарните производи, освен енергија, каде што е евидентиран раст од 0,5 проценти, како и кај трајните производи за широка потрошувачка, чијшто ценовен индекс е зголемен за 3,0 проценти.

На годишно ниво, односно во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на индустриските производители на домашниот пазар се повисоки за 4,6 проценти. Најизразен раст е забележан кај групата Енергија, каде што цените се зголемени за 6,9 проценти. Значителен пораст има и кај интермедијарните производи, освен енергија, со раст од 4,2 проценти, како и кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што цените се повисоки за 4,4 проценти.

Податоците укажуваат дека и покрај умереното месечно зголемување, притисокот врз цените на индустриските производи останува присутен на годишна основа, што може да има влијание врз трошоците на производството и цените за крајните потрошувачи во наредниот период.