Хрватска напредува на 7. место на листата на најсилни пасоши во светот, покажува најновото ажурирање на Henley Passport Index за декември. Ранг-листата се базира на податоци на Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт, а пасошите се оценуваат според бројот дестинации што можат да се посетат без виза или со виза при пристигнување.

Секој таков влез носи по еден поен, а вкупниот број поени ја одредува позицијата на листата. Индексот се ажурира квартално и не зема предвид економски или безбедносни фактори. Методологијата и податоците дополнително ги проверува Henley & Partners.

Со 184 поени, Хрватска го дели седмото место со Австралија, Чешка, Естонија, Обединетото Кралство и Обединетите Арапски Емирати, додека Канада е едно место подолу. САД се на 11. позиција со 180 поени.

На врвот и понатаму е Сингапур, чиј пасош овозможува безвизен влез во 193 земји. Високи позиции задржуваат и Јужна Кореја и Јапонија, благодарение на стабилни билатерални односи. Европските земји доминираат на врвот — дури 21 држава се меѓу четвртото и шестото место, што ја потврдува силата на Европска унија како блок на слобода на движење.

Во регионален контекст, Хрватска заостанува минимално зад Словенија и Унгарија, а значително пред останатите земји од југоисточна Европа; Србија е на 129 место. 

Анализите покажуваат дека ова не е еднократен скок, туку долгорочен тренд, поткрепен со влезот во ЕУ (2013), како и приклучувањето кон Шенген и еврозоната (2023). Седмото место е најдобар пласман на Хрватска досега и ја става во друштвото на најмоќните пасоши во светот.