Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, но по влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планинскиот премин Ѓавато и во Крушево, информира Автомотосојуз на Македонија.

Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од ЈП Македонијапат соопштуваат дека слаб снег провејува на премините Плетвар, Ѓавато, Буково, Пресека и во Крушево, но засега не се задржува на коловозот.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури каде што постои можност од одрони.