Денешното време во земјава ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини се очекува појава на магла.
Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските подрачја дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла, особено во утринските и вечерните часови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе изнесува околу 4 степени Целзиусови, атмосферскиот притисок ќе биде 981 хектопаскал, влажноста на воздухот високи 99 проценти, а ветерот ќе дува со брзина од околу 1 метар во секунда.
Граѓаните се советуваат на зголемена внимателност во сообраќајот поради маглата и влажните коловози.



















