Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска напладне ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците во Собрание на Република Македонија.
Во обраќањето се очекува претседателката да се осврне на клучните политички, економски и општествени прашања во државата, како и на предизвиците со кои се соочува земјата на домашен и меѓународен план. Традиционално, годишното обраќање претставува можност за сумирање на изминатиот период и за испраќање пораки за приоритетите и насоките во наредната година.
На седницата се најавени присуство на пратеници, претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и други високи државни и јавни функционери. Обраќањето ќе биде јавно и ќе се пренесува во живо, со цел граѓаните директно да се информираат за ставовите и оценките на претседателката за состојбите во државата.
По завршувањето на говорот, се очекуваат реакции од политичките партии и институциите во однос на изнесените ставови и пораки.














