Самоволие во Крива Паланка! Во фејсбук пост се пожали нашиот македонски граѓанин и човек кој своите тешко заработени пари во странство сакал да ги инвестира во родната Крива Паланка. Имено, тој купил деловен простор во Крива Паланка, со цел отпочнување на бизнис. На негова несреќа, токму до неговиот простор се наоѓа Кафе Бар Селект, кој својата тераса ја поставил пред прозорците на деловниот објект и со тоа КОМПЛЕТНО му го блокира излогот (што се гледа на сликите и снимките).
Тој се пожалил кај сите релевантни институции, но сето тоа е во моментов без никаква завршница, со таа цел во целост ја пренесуваме неговата објава:
ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ЈАВНОСТА
Самоволие во Крива Паланка!
- ја блокира природната светлина и целосно го затемнува објектот,
- го нарушува нормалното функционирање и планираното реновирање,
- НЕ Е во согласност со урбанистичкиот план, и претставува БЕСПРАВНА градба.

- Преку мојот адвокат поднесов жалби до сите надлежни институции.
- МВР веќе има поднесено Кривична пријава против градоначалникот и неколку вработени.
- Од страна на градежниот инспектор е донесено Решение за рушење на терасата, но тоа решение не се спроведува, односно сеуште се врши угостителска денјост во објект кој има Решение за рушење – очигледно поради злоупотреба на моќ и заштита на интересите на поединци.
- Јавно ги повикувам институциите да постапат согласно законот.
- Ги замолувам медиумите и пошироката јавност за внимание и поддршка.
- Повикувам на еднаквост пред законот, без оглед на чии интереси се загрозуваат!
