Додека претседателот Доналд Трамп размислува дали САД да се приклучат на израелските напади врз Иран — вклучително и користење на пробивачки бомби за таргетирање на нуклеарни објекти длабоко под земја. Во неговиот најтесен круг се води расправа за тоа како Америка би можела да ги изведе тие напади без да се вклучи во сеопфатна војна, фокусот е избегнување војна, велат извори запознаени со ситуацијата.
За Трамп, фокусот е избегнување војна, што значи и избегнувањето на продлабочување на конфликтот што започна минатиот четврток. Иако тој е подготвен да ги сослуша аргументите — вклучително и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху — дека само САД можат решително да ја запрат иранската нуклеарна програма. Сепак тој е многу внимателен да не се заглави во странски конфликт од типот што вети дека ќе го избегнува, велат истите извори.
Oдлука за евентуално американско вклучување
Во текот на викендот, некои сојузници на САД добиле информации дека администрацијата на Трамп планира да почека и да види што ќе постигне Израел во првата недела од својата операција против иранската нуклеарна програма, пред да донесе одлука за евентуално американско вклучување, изјавиле двајца европски дипломати.

Ден пред крајниот рок, Трамп изјави дека сè уште нема донесено конечна одлука како да постапи. Во разговорите со американски сојузници во средата, официјални лица од администрацијата не покажале јасен став во која насока се движат, рекоа дипломатите. Трамп ги разгледал плановите за напад врз Иран, но го одложува секој потег, надевајќи се дека Техеран ќе се повлече од нуклеарната програма, изјави извор запознаен со ситуацијата за CNN.
„Сакам да ја донесам конечната одлука една секунда пред да истече рокот“, рече Трамп во Овалната соба. „Особено кога станува збор за војна — со војна сè може да се промени. Може да премине од една крајност во друга.“
Додека ги разгледува своите опции, Трамп изјавил дека не верува оти евентуален американски напад автоматски значи и целосно вмешување во странска војна. рече извор близок до темата. Луѓе од неговото опкружување тврдат дека решителни, прецизни напади се разликуваат од пошироки воени интервенции што би можеле да го продолжат конфликтот.




















