Од март во Македонија минималната плата изнесува 24.379 денари (396 евра) што е за 155 евра пониска од најниската што се исплатува во земјите од Европската унија.
Според најновите податоци на Евростат, од земјите во унијата најниска плата од 551 евро се исплатува во Бугарија, потоа следуваат Унгарија со 707 евра, Летонија со 740 евра, Романија со 814, Словачка со 816, Чешка со 826, Естонија со 886, Малта со 961, Грција со 968 и Хрватска која исплатува минималец од 970 евра.
Податоците на Евростат покажуват дека меѓу 1.000 и 1.500 евра минимална плата имаат во Кипар (1.000 евра), Португалија (1.015), Литванија (1.038), Полска (1.091), Словенија (1.278) и Шпанија со 1.381 евра. Поголем минималец од 1.500 евра се исплатуваат во Франција (1.802 евра), Белгија (2.070), Германија (2.161), Холандија ( 2.193 евра), Ирска (2.282 евра) и Луксембург кој има минимална плата во износ од 2.638 евра.
– Највисоката минимална плата е 4,8 пати повисока од најниската во Унијата. Разликите во минималните плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали ако се земат предвид разликите во нивото на цените во споменатите земји – објаснуваат од Евростат.
Минималната плата на национално ниво е законски одредена во 22 од 27 земји на Европската унија, додека Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска немаат законски утврдена минимална плата.