Измамниците наоѓаат софистицирани начини од луѓето да изнудат пари или мартеријални добра. Познати се веќе неколку случаи на телефонско контактирање на повозрасни луѓе од кои се бара одредена сума на пари со цел да се избегне одговорност за наводни предизвикани собраќајни незгоди кои ги причиниле блиски членови на нивното семејство.

Медиумите неколкупати досега пишуваа за случки во кои повозрасни граѓани биле измамени преку телефонски повици од непознати лица кои им барале пари со цел да помогнат на нивните деца или внуци.

Најновиот случај на измама е пријавен во средата, кога скопјанка пријавила дека била измамена и оштетена за 10.000 евра.

На 11.09.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан немало и дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен на Македонија.

МВР апелира на поголема внимателност, особено помеѓу повозрасната популација. Според нив, потребна е задолжителна проверка на добиените информации и навремено пријавување на вакви повици, со цел преземање на соодветни мерки и санкционирање на обидите за измама.

 

 

Можеби ќе ве интересира:

До крајот на неделава не очекува голем пад на температури со поројни дождови и силно невреме