Утре не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 14, а максималната ќе достигне 27 степени.
Слично време не очекува и во петок, сабота и недела. Најголемо заладување се очекува во сабота, а најмногу невреме и дожд ќе има во петокот.
Во петок ќе биде променливо облачно, во западните и северните делови со локален пороен дожд и изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во јужните делови засилен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде 11 степени, а максималната ќе достигне 25.
Саботата ќе биде студена и облачна. Променливо облачно, во западните и северните делови со локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од западен, попладне од северозападен правец. Минималната дневна температура ќе изнесува 8, а максималната ќе достигне 23 степени.
Во недела не очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната дневна температура ќе биде 7, а максималната 21 степен.