Со укинувањето на рестрикциите поради коронавирусот, голем број жители на Благоевград и луѓе од регионот повторно излегоа на пазарите во околните градови во Република Македонија.
Секој викенд стотици Бугари од регионот на Благоевград, Петрич и Ќустендил патуваат во Македонија, комбинирајќи кратко семејно патување и шопинг. Иако цените на основните прехранбени производи и таму значително пораснаа во последните месеци, тие сепак остануваат поевтини од стоките на бугарскиот пазар.
Леб и јогурт најчесто купуваат пензионерите во еден од дуќаните во благоевградското село Селиште. Цените на сите производи се зголемени за 10, 20, па и 40 отсто, а платите и пензиите воопшто не растат со овие стапки, стои во текстот.
Отидов на стоматолог таму и додека бев пробав некои од македонските производи. Да, тие се многу поевтини од нашите, но најмногу ме импресионираше квалитетот – вистинско месо, вистинско сирење.
Имам и мало дете, кое исто така кога одам таму, а патувам речиси секоја недела. Јас и сопругата одиме во Македонија на вечера, просто го сакаме квалитетот на храната, објаснил еден граѓанин.
Делчево е на 40 км од Благоевград. Потребно е помалку од еден час за да се стигне до таму, но во последните недели во сабота имаше голем сообраќаен метеж на границата. Иако и таму се зголемени цените на основните производи, сепак тие се за 10-20% поевтини од овде, се потенцира во текстот.
Се купува ориз, леќа, грав, месо, кашкавал, кашкавал, шунка, бидејќи се со одличен квалитет.
Се додава и дека дел од бугарските туроператори, покрај кратки тури до интересни места и знаменитости во соседните земји како Македонија, нудат и шопинг патувања.