Како што соопшти Владата на Србија, на денешната седница одлуката за забрана за извоз на еуро дизел EN 590 е продолжена до 31 октомври.
Како што се наведува во соопштението, целта е да се спречат штети врз стопанството и граѓаните.
– Република Србија располага со доволна количина на овој тип дизел, а забраната е дополнителна мерка за заштита на потрошувачите и пазарот, заклучува Владата.