Kампањите за намалување, тесните грла во снабдувањето, предизвикани со штрајковите во рафинериите и засиленото купување на испаничените возачи се причините поради кои во Франција некаде нема гориво.
Речиси 12 отсто од бензинските имаат потешкотии барем со еден вид гориво на пумпите, а ситуацијата се разликува од регион до регион, рече портпаролот на владата Оливер Веран пред новинарите по состанокот на Советот на министри во средата. Во некои региони фалат дури 30 отсто од бензинските, наведува ревијата ХАК.
Францускиот пазарен лидер TotalEnergies го објасни намаленото снабдување со падот на цените на бензинските. Попустот од 20 центи додаден е на државниот попуст од 30 центи на сите станици.
На тоа треба да се додаде и штрајкот во осум француски рафинерии. Штрајкот за зголемување на платите, кој почна на 27 септември, влезе во втората недела. Значи, во Франција се случи “совршена бура“, комбинација од повеќе фактори одеднаш.
За да се воспостави нормална ситуација, на северот на државата пуштени се стратешки залихи за да се наполнат бензинските пумпи.