Во моментот течат преговорите ЛИДЛ да се гради во Куманово, поточно во логистичкиот центар лоциран во индустриската зона Новини и Речица.
Надлежните се обидуваат да најдат начин во оваа локација да се укрупнат парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, некаде 20 хектари земјиште каде треба да биде изградена инвестиција.
Со реализација на една ваква инвестиција, според пресметки се смета дека на таа локација дневно ќе се движат околу 150 товарни возила и ќе дава огромна логистичка поддршка самиот центар, а ќе бидат вработени некаде до 300 луѓе.
Ова е една сериозна основа за следните капитални инвестиции за равој на градот и околината, како и отворање на нови работни места кои ќе бидат од големо значење за граѓаните.