Бугарското министерство за надворешни работи го осуди исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија во Скопје.
Говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје е недвосмислена негација на основните вредности на современите демократски општества и е во контраст со европските принципи и норми на однесување, велат оттаму.