Цивилизацискиот развој започнал кога човекот почнал да остава материјални белези од своето постоење и сакал да испрати порака до другите негови современици или други генерации на луѓе. 

Сапиенсот успеал да го надвладее неандрталецот токму поради можноста да испраќа пораки, комуницира и остварува поголеми заедници. Свесноста на човечкото суштество е директна последица од развојот на комуникациските вештини и можноста човекот да ги пренесува своите исуства, верувања и знаења.

Пред 15 век, книги за масовна употреба скоро и да немало. Книгите биле достапни само за мала група луѓе, обично оние кои се образоувале во христијанските редови. Освен читање на библијата и понекое дело од старохристијанските и старогрчките мислители, тогашните луѓе немале голем избор на литература.

Системот на образование пред 15 век бил затворен и првите универзитети или системи на отворено образование дошле многу подоцна.

Значаен исчекор во цивилизациска смисла не е само отворањето на првите универзитети и основање на систем на отворено и секуларно образование, туку и основање на првата печатница.

Иако првата печатница на Гутенберг во 1455 година го отпечатила првиот примерок од Библијата, со што го направила оваа писмо подостапно за широка употреба, таа не забележува значајни резултати поради отсуство на интерес за авторство.

Во тоа време, неписменоста била широко распространета, цензурата во авторството присутна и луѓето немале можност да пишуваат книги од различни области, а уште помалку можеле да најдат публика за нивните дела.

Книгата стана симбол на револуционерен развој во моментот кога луѓето станаа масовно писмени, образованието на луѓето се зголеми и дел од нив можеа да пишуваат авторски книги на различни теми и да ги умножуваат во одреден број примероци за широката публика.

Замслете го периодот кога луѓето не можеле да се информираат за нешто иако имале многу прашања поради недостаток на средства за информирање и книги? Денеска имаме уште позагрижувачка статистика, луѓето имаат достапни средства за информирање, фондот на книги е значајно зголемен, но не читаат книги.

Книгата како форма се напушти, авторите имаат еднонасочна комуникација со публиката, а луѓето избираат наместо самостојно да се информираат, да бидат таргет на разни маркетинг агенции и ПР служби кои преку нив сакаат да профитираат.


Како луѓето што не читаат книги ги разбираат луѓето што читаат книги: 

  • Недостапни за комуникација
  • Како да се од друго време
  • Зборуваат неразбирливо
  • Чудни се
  • Не се тип што често се среќава

Како луѓето што читаат книги ги разбираат луѓето што не читаат книги:

  • Во собите имаат огромни ТВ екрани и скоро и да немаат библиотеки, повеќе им работат очите одошто мозоците;
  • Избрале да си го стеснат видикот и да се осиромашат за знаење
  • При толкување на некоја приказна секогаш ја утнуваат поентата
  • Обично имаат лош вкус за уметност
  • Зборуваат за нешта кои немаат никаква употребна вредност и разговорите со нив се губење време