Пред неколку дена во јавноста се појави вест за силувана 27 годишна девојка во хотел во Охрид.
Ова вест го привлече вниманието на јавноста и е доста коментирана тема помеѓу граѓаните, но за жал во многу девалвирачки и омаловажувачки контекст.
Коментарите кои беа оставани под веста дополнително ја „виктимизираа“ девојката која го пријавила настанот во полиција изразувајќи сомнеж дека тоа се случило против нејзината волја.
Во продолжение коментари на објавата:
Коментарите на објавата се показател за тоа дека дискриминацијата на жените и нивно стигматизирање е се уште реална појава во Македонија, а фактот што авторите на вакви коментари не се санкционираат од надлежните институции делумно ја покажува и неподготвеноста на нашиот правен систем да се бори против дискриминацијата по полова основа.