Вицепремиерот за економски прашања Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја и дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.
Според него, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени.
Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме, додаде вицепремиерот.