Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болницата, а се промениле и симптомите.
Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото.
Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми:
– болки во грлото – 58 проценти, главоболка – 49 проценти, затнат нос – 40 проценти, кашлица без слуз – 40 проценти, течење на носот – 40 проценти, кашлица со слуз – 37 проценти, рапав глас – 35 проценти, кивање – 32 проценти, замор – 27 проценти, болка во мускулите – 25 проценти, вртоглавица – 18 проценти, отечени вратни жлезди – 15 проценти, болка во очите – 14 проценти
Оваа фреквенција на симптоми кај заразените се совпаѓа со наодите на други истражувачи. Научниците веруваат дека ова може да покаже како вирусот се менува и мутира.