Цените на пазарот на недвижности во Србија се уште не се смируваат, па така квадрат во Белград чини дури 10.000 евра, а двособните станови во централните општини се продаваат за невројатни 200.000 евра.
Сепак, дури и на таков „загреан“ пазар, може да се најдат станови по исклучително поволни цени, дури и за многу малку пари.
Меѓу најевтините што моментално се нудат, се куќите со градина и мал имот, најчесто во Војводина, кои чинат помалку од 5.000 евра.
На пример, семејна станбена зграда, односно куќа, во околината на Суботица, од околу 50 метри квадратни, со помошен објект од околу 500 метри квадратни, околно земјиште и нива од петта класа, може да се купи за 4.535 евра.
И во близина на Суботица, во Бајмок, можете да најдете куќа и доградба за нешто помалку од 6.500 евра. Во околината на Бачка Паланка за 5.270 евра се нудат куќа од 104 метри квадратни, две доградби од 120 и 66 метри квадратни и првокласна нива.
На пример за стан во Вршац со површина од 35 квадрати треба да издвоите 5.620 евра, потоа стан во Ниш од 84 метри квадратни по цена од 8.870 евра. Исто така, двособен стан во Јагодина од околу 60 метри квадратни беше проценет на почетна цена од 8.980 евра.
Нешто поблиску до Белград, во Нова Пазова, се продава куќа од 92 квадрати и околното земјиште за 7.600 евра или стан од 78 квадрати во Панчево за 9.470 евра, како и помал стан на истото место, со површина од 41 метар квадратен, за 25.200 евра.
Во Батајница има и стан од 46 квадрати за 19.900 евра, како и семејна куќа и гаража во Бараево за околу 36.000 евра.
А доколку сакате да живеете на Врачар треба да го одврзете ќесето и да платите само 80.500 евра.
На пазарот на недвижности во Србија може да се купи стан за малку пари, прашање е само дали ваква понуда им одговара на купувачите!