Народниот протест полека но сигурно се претвора во партиски маркетинг на кој опозициските партии како да се во натпревар кој ќе направи поперформанс од другиот. Наместо обединети и сплотени, ги чекаме едните да продефилираат на едната страна, па другите да пукнат со тупаните и да ни одредат каде и во кое темпо треба да се движиме.
Чиста свадбарска програма, ајде сега невестата нека го поведе орото и како што веќе сите знаеме Мицковски е тој што е невеста на секоја свадба. Барем да пуштеле млади деца кои не ги знаеме да го направат перформансот, ама веќе ми е преку глава и од Мицковски и од сите градоначалничиња кои се кандидирале да го наследат.
Страв ми е дека ќе го преземат протестот за да може да го контролираат. Односно ако Мицкоски го преземе протестот, овие од Калето ќе имаат и тоа како голема контрола. Добрите намери на луѓето да издејствуваат нешто во колективитет, ќе ги претопат во партиските шеми кои ги работат ПР службеници, оние кои нема да ја прифатат структурата на протестот и ќе сакаат да останат слободни стрелци, како поеднци нема да успеат ништо.
И така протестите ќе мора да бидат мирни, ќе не лажат дека ние уствари протестираме, додека некој купува малку време и на крај ќе испадне дека протестираме да го донесеме Мицкоски на власт. А јас сум првата што не сакам да го гледам тоа дежави по кој знае кој пат повторување.
Затоа народе внимавајте многу на тоа кој го презема лидерството во групата и чији насоки примате при протестите. Протестите мора да се организирани и структурирани, тоа е факт, ама искрените политичари ќе бидат логистичари на својот народ, а не повторно на грбот на народот да исполнуваат интереси.
Вечер на протест нема да се видиме, затоа што некој друг ни рече каков да е протестот!
Автор: Магдалена Стојмановиќ