По вчерашниот обид на Власта да исценира насилство на протестите, лидерот на Левица Димитар Апасиев се обрати на фејсбук директно до Министерот Спасовски и откри повеќе детали планирани од предавничките безбедносни структури.
Пратеникот кажа дека провокаторите биле уфрлени од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), луѓе обучувани за вакви работи.
Драг Оливер, Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме „прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!
Лидерот на Левица додаде дека активистите на партијата имаат огромно искуство со протести и дека не паѓаат во такви замки. Но, она што беше најзастрашувачки е фактот дека агенти од ЦИА работат во организација на сето ова.
Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија).
Апасиев истакна дека нема откажување, но нема ни наседнување на ЦИА-шките провокации.
МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки.
На крај, пратеникот ги повика граѓаните да се приклучат на масовните протести и кажа дека нема откажување.
Се гледаме секоја вечер – се побројни и се посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.
Се гледаме на барикадите! До вашиот конечен крај!