Резултатите од новата студија покажуваат дека земањето витамини и суплементи е само „фрлање пари“, а истражувачите од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис велат дека некои суплементи прават многу повеќе штета отколку корист.
Како што истакнаа, не постои „магичен сет на апчиња кои ќе ве направат здрави“, а единствениот вистински начин е здрава исхрана и физичка активност.
Пациентите постојано прашуваат: Какви суплементи треба да земам?
Тие фрлаат пари и мислат дека постои магичен сет на апчиња што ќе ги направат здрави, а се што треба да направиме е да се храниме здраво и да вежбаме, истакна тој.
Мултивитаминските таблети се особено популарни, бидејќи содржат мешавина од десетина витални хранливи материи, а многумина мислат дека тие се совршен додаток во исхраната.
Сепак, експертите особено ве советуваат да не земате додатоци на бета каротин, поради можниот зголемен ризик од рак на белите дробови.
Д-р Линдер забележува дека поединците кои имаат недостаток на витамини сè уште можат да имаат корист од додатоците на калциум и витамин Д, како и дека консумирањето овошје и зеленчук доведува до намален ризик од кардиоваскуларни болести и рак.