Претседателот на Србија, Александар Вучиќ при обиколката на работите на изградбата на белградското метро на Макишко поле изјави дека првата линија ќе биде завршена во 2028 година, а втората до 2030 година.
Белград во 2028 година ќе има метро и ќе биде меѓу најмодерните градови. Важно е да ја завршиме обиколницата околу Белград, бидејќи во градот не само што има зголемен број на луѓе, туку и автомобили и мора да бараме алтернативни решенија во транспортот, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека се гордее со кинеските и француските компании кои се главни изведувачи за изградба на метрото, како и домашните кои масовно учествуваат како подизведувачи.
Тој напомена дека работите мора да се забрзаат, како и да се поврзе метрото со железничката станица Белград Центар во Прокоп.
Мали рече дека работите на Макишко поле напредуваат побрзо од планираното и дека секојдневно на градилиштето има по 140 работници.
Тој додаде дека во септември, а најдоцна во октомври се очекува да се потпише договор за изградба на депо во подземната железница и дека вредноста на работите е 57 милиони евра плус ДДВ.
Изградбата на белградското метро започна на крајот на ноември минатата година на Макишко поле, каде кинеската компанија Пауер Чајна ќе работи на инфраструктура и полнење на платото за идното метро депо.
Изградбата на првите две линии е планирано да чини 4,4 милијарди евра.
За електромеханиката на белградското метро ќе бидат задолжени француски компании, а главен изведувач е „Пауер Чајна“, со 70 отсто од вредноста на вкупните инвестиции во изградбата на метрото.