Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалониа, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во атинската болница „Атикон“.
Националната организација за јавно здравје на Грција во петокот преку соопштение информираше дека во соработка со европските организации, но и СЗО внимателно ја следат ситуацијата и на граѓаните им препорача да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.
Објаснија дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, а симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.
-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата.
Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење-соопштија во петокот од Националната организација за јавно здравје на Грција.