Компaниите кои се занимаваат со превоз на патници, или веќе редуцираат линии поради високите цени на нафтените деривати, најавиле дека ќе отпуштаат работници.
Сите будно следат што се случува на берзите, и како се движат цените на нафтата. Велат дека ако наскоро состојбата не се нормализира, ќе мора да преземат мерки. Кај некои од овие компании има доза на оптимизам, а други пак не веруваат дека кризата брзо ќе се реши и дека цените на нафтата ќе се вратат во нормала.
Дел од селата во земјава остануваат делумно отсечени, со тоа што бројот на автобуски линии е преполовен, иако цените на билетите беа коригирани неодамна.
Многу компании за превоз на патници, тврдат дека поради пандемијата на коронавирусот, две години работеле со загуба, а сега се соочуваат со високи цени на нафтените деривати.
Цените сега се менуваат на дневна основа, а изнесуваат скоро 100 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донела одлука за намалување на маржите за трговците за 33 отсто, односно од 4,5 на 3 денари за литар за да се амортизира крајната цена.