На снимките кои ги објави „Давидоф“ ДООЕЛ се забележува како маж и жена во различни периоди од денот посетуваат иста продавница и прават измама, на објавените видеа се забележува дека тие користат ист пристап во измамување на продавачите.
Имено тие земаат продукт од мала вредност и плаќаат со 2000 денари, за кои земаат кусур а не ги даваат парите за наплата, збунувајќи го касиерот бидејќи на каса неколку пати ја менуваат одлуката на кој начин да платат – дали со крупни или ситни пари.
Веќе некое време исти луѓе со воспоставена шема оперираат во сите дуќани, поради што оштетените дуќанџии апелираат на поголема претпазливост и внимание.
Ве молиме доколку ги препознаете луѓето на снимката да ги пријавите во МВР или до редакцијата „Мој збор“ која ќе посредува во овој случај на идентификување и пријава на измамниците.