Љубчо Георгиевски во емисијата „24 анализа“ изјави дека овој нов ветар од македонска и бугарска страна е добар.
Жал му е што во двете општества секогаш кога ќе се направи некоја иницијатива да се подобрат односите, се наоѓаат душегрижници кои наоѓаат проблеми.
Кај нас, постојано имам чувство дека што и да се направи од бугарска страна, таквите друшегрижници, особено ботовите на интерент реагираат по автоматизам. Новиот бран би го протолкувал како нова стратегија на Бугарија која долги години велеше дека Македонците се Бугари од почеток до денес, а потоа се разви нова теза, дека денес Македонците може да се кажуваат како сакаат, но претците не може да ги дадат. Не сметам дека политиката на државно ниво треба да решава историски проблеми. Како политичар од ВМРО-ДПМНЕ за 30 години на првото основачко собрание на партијата реков дека Македонија треба да ја смени политиката кон Бугарија, треба да направи ревизија на сопствената историја и тоа треба да го направиме заради нас самите – рече Георгиевски.