Многу често ќе ги забележиме и двете форми во медиумите. Некои пишуваат поддршка, а некои поддршка. Сепак, правописот вели дека само една од овие две форми е правилна. 

Правилна е употребата на поддршка, наместо подршка. Овој збор е именка од женски род и значи поддржување, прифаќање на нечии идеи, настојувања, работа, дејствување.

Примери:
  • Дадовме поддршка на таа иницијатива.
  • Твојата поддршка ми е многу важна.