Берово доби мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот и првичните резултати го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град, пишува Мета.мк, а пренесува Вработување.мк.
Гевгелија е со далеку почист воздух од Берово, но за да се дојде до ваков заклучок морало најпрво да се постават мерните станици за квалитетот на воздухот во двата града, кои беа изминатиов период изведени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух.
Покрај Берово, нова мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот доби и Прилеп. Сепак, постојната мрежа што го следи аерозагадувањето во населените места низ земјава не е доволна.