Во понеделник истекува одлуката со која државата времено ги замрзна цените на одредени производи. Но, сé уште нема одлука дали мерката ќе се продолжи или не, ниту дали можеби ќе се интеревенира со други мерки.

Одлуката важи до крајот на месецов. Владиниот економски тим, постојано ја следи состојбата и ќе се донесат нови одлуки до тогаш, дали ќе се продолжи мерката или не.

Штом се донесе, јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во соопштението.

Од бизнисите чии цени на производи беа замрзанти, сметаат дека мерката не треба да биде продолжена, зашто трпат сериозни штети.

Производствените трошоци се многу високи и ако ограничувањето остане, стравуваат дека нема да можат да ги испорачуваат потребните количини.

На крајот на минатата година, беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, маслото за јадење, брашното, млекото, сирењето, урдата, сувомеснатите производи, јајцата, оризот и тестенините.

Во регионот, во Србија се донесе иста ваква мерка, но властите таму одлучија ограничување на цените да има и во следните три месеци.