Според усвоените нови препораки на Советот на ЕУ, кои не се обврзувачки и им ја оставаат на земјите-членки одлуката за нивната примена, вакцинација, тестирање или статус на закрепнување од ковид-19, како што е потврдено со важечкиот дигитален сертификат на ЕУ за ковид-19, треба да бидат клучни детерминанти за патување.
Затоа, се препорачува да се применат мерки земајќи го предвид индивидуалниот статус наместо состојбата на регионално ниво, со исклучок на областите каде што вирусот циркулира на многу високо ниво.
Советот на ЕУ усвои препорака за „координиран пристап“ за да се овозможи безбедно движење за време на пандемијата на корона вирусот.
Ова значи дека вакцинацијата, тестирањето или статусот на закрепнување од ковид-19, како што е потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ за ковид, треба да биде клучна одредница. Пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост на патниците – соопшти Советот.
Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари, кога рокот на важност на сертификатот за ковид ќе се ограничи на 270 дена.