Студијата спроведена на Националниот универзитет во Сеул покажа дека здравите возрасни кои јаделе 30 грама темно чоколадо на ден со 85 проценти какао биле посреќни од здравите возрасни кои јаделе чоколадо со помалку какао или воопшто не го јаделе, пишува Живим.
Корејските научници веруваат дека подобрувањето на расположението е поврзано со промените во цревниот микробиом што настанале после јадење темно чоколадо, што е прикажано со анализата на примероците од столицата на испитаниците.
Чоколадото со поголем процент на какао е подобар избор бидејќи содржи помалку шеќер, масти и други адитиви како бои и палмино масло.
Какаото кое се користи во производството на чоколадо е богато со хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го намалуваат ризикот од развој на многу болести.
Но, засега малку се знае за ефектот на темното чоколадо врз емоциите и ова е прво истражување кое докажува дека секојдневното консумирање на темно чоколадо, покрај физичката, влијае и на психичката состојба на луѓето.
Се покажа дека потрошувачката на темно чоколадо значително го намалува негативното расположение кај групата испитаници кои јаделе чоколадо со 85 отсто какао, но не и кај групата испитаници кои јаделе чоколадо со само 70 отсто какао.
Примероците на столицата, исто така, покажаа дека разновидноста на цревниот микробиом е значително поголема кај групата испитаници кои јаделе чоколадо со 85 проценти какао отколку во контролната група.