Иако жените во ЕУ се пообразовани од мажите, тие во просек заработувале 14,1 отсто помалку од нивните машки колеги, објавено е во Европскиот мониторинг на работните места издаден од Европската комисија и Еврофонд. Важно е да се истакне дека ова се податоци за 2019 година и дека не го покажуваат влијанието на пандемијата врз нивото на платите.
Иако резултатите од ова истражување не се задоволителни, сепак постои помал јаз во заработката во однос на претходната деценија – во 2010 година жените заработувале 15,8 отсто помалку.
Но, ако јазот продолжи да се намалува, на Европската унија ќе и требаат повеќе од 70 години за да ги направи мажите и жените еднакви.
Интересно е што овие проценти се во спротивност со нивото на образование, бидејќи жените се генерално пообразовани од мажите во речиси сите европски земји.
Сепак, секоја од европските земји има своја статистика во оваа област. Во некои земји, разликата во платите меѓу мажите и жените е значително помала, а во некои е значително висока. Луксембург, Романија и Италија имаат најмали разлики во заработката меѓу мажите и жените, од пет проценти, додека најголем јаз е забележан во Естонија, Летонија, Австрија и Германија (20 проценти).
Кога, како критериум се земаат економските критериуми, најголемата разлика во платите има во финансискиот сектор.