Хотелиерите се „крстат“ во претстојните празници, ама актуелните здравствени протоколи дозволуваат прослави во затворен простор да може да се прават само со 50 отсто исполнетост на капацитетот.
Во моментот најголем дел од македонските хотели нудат само ноќевање со појадок, без организиран дочек за Нова година, поради постојните протоколи.
Доколку Владата планира да ги олабави, или пак да донесе уште поригорозни ковид мерки, подобро е тоа да го стори деновиве, а не на чекор пред празниците, кои со душа ги чекаат угостителите и хотелиерите, вели за „Слободен печат“ претседателот на НУК.
Од ХОТАМ веќе побараа да им се дозволи да работат со исполнетост од 75 отсто, но сѐ зависи од одлуката на Владата.