Во недела голем број на македонски граѓани поминуваат на Г.П „Табановце“ и се упатуваат кон најблискиот поголем град во соседната Србија, а тоа е Врање.
До пред неколку месеци, причината за посета на Врање беше вакцинацијата, денеска посетата на угостителските објекти е единствениот мотив за македонските граѓани да ја поминат границата.
Мениата се пообемни, цените се пониски, а персоналот е гостопримлив кон луѓето кои доаѓаат од Македонија.
На прашањето зошто луѓето дури од Македонија се упатуваат до Врање да одат на еден ручек, долгогодичниот угостител и готвач Ненад Ташковиќ од ресторан „Триооо“ во Врање за „Мој збор“ вели:
–Поциите кај нас се поголеми, а некои ресторани во Врање веднаш би пропаднале доколку немаат гости од Македонија. Тие буквално живеат од Македонците.
Овој тренд не е од скоро, а врањанците се прочуени по своето гостопримство. Голем процент од врањската економија е токму угостителството, на кое голема поддршка му даваат токму македонските граѓани. Тие се буквално кислород на угостителството во овој српски град.