Под назив „Крени промени“ група демонстранти и оваа сабота блокираат патишта низ Србија.

Иако Законот за пропријација беше вратен на Собраниска расправа што беше првичната цел на демонстрантите од „Крени промени“ тие не се задржуваат само тоа барање, туку секоја сабота организираат нови протести со нови барања.

Според претставници на власта, протестите имаат политички, а не еколошки позадини и нивната намера е да ја дестабилизираат постојната власт во Србија.

Српските медиуми известуваат за нов скандал кој се случил кај „Сава центар“ кога група демонстранти физички нападнала и повредила човек кој одобил да се приклучи на нивниот протест и сакал да ја помине блокадата од возила.