Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард побарала од 19 експерти, по еден од секоја земја од еврозоната, да изберат нов дизајн за банкнотите на еврото до 2024 година, пишува Телеграф, а пренесува Јутарњи лист.
Сегашните банкноти имаат мотиви на прозорци, врати и мостови засновани на различни епохи и стилови.
Новиот дизајн на еврото ќе биде дизајниран од група советници составени од експерти од различни области, од дизајнери и уметници, преку физичари до археолози.
Изгледот на банкнотите се менува за да одговара на Европејците од „сите возрасти и култури“.
Откако ќе се смислат визуелните решенија, ЕЦБ ќе одржи јавна расправа, по што ќе следуваат конкурси со дополнителни консултации.