Пандемијата Ковид-19 нема да трае вечно. Тaa повторно ќе се развива со нови варијанти, а потоа ќе се намали пред вакцините, мерките за ублажување и човечкото однесување.

Дури и ако вирусот никогаш не се искорени, имунитетот ќе се подобри и светот на крајот ќе може да живее со Ковид, велат експертите.

-Повеќето експерти за заразни болести сметаат дека САРС-КоВ-2 е тука да остане, изјави за Си-Ен-Ен Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија во Велика Британија.

СЕ ЗАВИСИ ОД НАС

-Човештвото во иднина ќе продолжи да се заразува со овој вирус. Но, ковидот како болест ќе стане дел од нашата историја, а инфекцијата ќе се претвори во само уште една причина за настинка, продолжи тој.

Меѓутоа, постои многу порелевантно прашање, на кое одговорот е фрустрирачки неостварлив: колку време ќе биде потребно за да се стигне до таму? И тој одговор не зависи од среќата, туку е, во најголем дел, во наши раце.

Пандемиите исчезнуваат како резултат на човечките напори како што се развојот на вакцини, следењето на контактите, анализите, контролните мерки и меѓународната соработка.

Накратко, светот ги има алатките да стави крај на пандемијата што е можно поскоро, но каде е тогаш проблемот?

-Ова е главниот проблем: никогаш немало и сè уште нема никаков план на глобално ниво, изјави за истиот медиум Андреа Тејлор, помошник програмски директор во Глобалниот здравствен институт Дјук.