Дали знаете колку заработува Мараја Кери секоја година благодарение на песната „All I Want For Christmas Is You“?
Мараја Кери добива огромна сума на пари секоја божиќна сезона за својот хит „All I Want For Christmas Is You“
Според податоците на „Business Insider“, пејачката од песната заработила вкупно 60 милиони долари, со тоа што синглот ѝ носи дополнителни милион долари секоја божиќна сезона.
Кери била коавторка и копродуцентка на песната со Волтер Афансиф (познатиот продуцент на песната на Селион Дион ‘My Heart Will Go On’), за нејзиниот четврти студиски албум и прв празничен албум, „Merry Christmas“.
Наводно, дуото ја напишало и продуцирало песната за само 15 минути. Објавена е во 1994-та година и стана божиќен хит, па секоја година има голем број прегледи.
Во извештајот на „Business Insider“ за 2018-та година, се проценува дека Кери заработила повеќе од 60 милиони долари на песната.
Според „Celebrity Net Worth“, песната секоја година заработува помеѓу 600.000 и милион долари.
„All I Want for Christmas Is You“ е најголем меѓународен хит на Мараја Кери, кој била на врвот на топ листите во 26 земји.