Бројни православни верници денеска го слават крштевниот празник посветен на Свети Јован Златоуст, големиот светител и реформатор, кој е познат и како најпознатиот проповедник во историјата.
Напишал посебен чин на светата литургија, се борел против еретиците, со својот златен ум и јазик го толкувал Светото писмо и оставил на црквата многу скапоцени книги од своите проповеди.
Тој е еден од Светите тројца архиереи, а го добил прекарот Златоуст поради неговите реторички способности.
Во 397 година бил избран за епископ на Константинопол, по што дошол во конфликт со Евтропиј, министер на дворот на царот Аркадија, и со царицата Евдоксија, затоа што предложил целосна реформа на начинот на живот, како во црквата, така и во на царскиот двор.