Сепак, овие знаци не треба да се игнорираат, а доколку во повеќето од горенаведените се пронајдовте себеси или блиска личност, побарајте лекарска помош.
- Проблеми со спиењето
Додека лошиот сон е поврзан со стресот, непречените и долготрајни проблеми со спиењето може да бидат знак за Алцхајмерова болест.
- Анксиозност и депресија
Анксиозноста и депресијата се тесно поврзани со оваа болест. Ваквите проблеми кај постарите често се знак за Алцхајмерова болест.
- Проблем со пишување или изговарање зборови
На луѓето со Алцхајмерова болест им е тешко да го најдат вистинскиот збор во разговорот и се мачат со вокабуларот и повторуваат реченици.
- Губење на интерес за хоби
Алцхајмеровата болест го напаѓа делот од мозокот кој е задолжен за мотивацијата и тие веќе немаат волја за хоби.
- Изгубено возење
Луѓето се чувствуваат изгубено и дезориентирани додека возат по познати улици или пешачат до места кои им се познати.
- Не сакаат дружење
Како што веќе рековме, тешко им е да водат разговор, особено кога се во група луѓе. Често се губат во разговор.