Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2021 година, во однос на третото тримесечје од 2020 година, е намалено за 7.4 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 187 784 м3 и бележи намалување за 11.7 %.