Хотел Боград е организатор на нова хуманитарна акција под назив „Вашата крв спасува живот“ која ќе се реализира утре со почеток од 10 часот во просториите на хотелот.
На ден 18.11.2021 – четврток, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Хотел Боград ќе се одржи акција за дарување на крв, по заедничка иницијатива и соработка со Службата за трансфузиона медицина при Специјалната болница за нефрологија – Струга и Црвениот крст – Струга, стои во објавата на хотел Боград на нивниот официјален фејсбук профил.
По тој повод тимот на хотел Боград ги повикува сите крводарители и заинтересирани за оваа хуманитарна акција да донираат крв и да учествуваат во благородната мисија за „спасување на човечки живот“
Хотел Боград инаку е организатор на бројни хуманитарни акции, како и на манифестации за унапредување на спортот, културата, уметноста и социјалната интеракција.