Постарите луѓе го губат чувството за мирис, но ова истражување покажа дека слабеењето на ова сетило е покомплексно отколку што се мислеше.
Иако способноста на постарите да мирисаат пржено месо, кромид и печурки е многу послаба, тие мирисаат портокал, малина и ванила како и помладите.
Така, слабеењето на сетилото за мирис кај постарите се чини дека е поврзано со одредени мириси.
Она што е многу интересно е дека тоа колку некој сака некој мирис не е нужно поврзано со тоа колку јасно го чувствува тоа лице.
На пример, се чини дека уживањето кај луѓето во мирисите на храната како пржено месо, кромид и печурки не е многу променето и покрај тоа што сетилото за мирис е најслабо кога станува збор за овие мириси.
Данските научници се надеваат дека нивните откритија ќе им помогнат на луѓето кои работат на подобрување на оброците и исхраната на постарите лица.
Податоците покажуваат дека половина од вкупниот број лица постари од 65 години кои биле примени во болница во Данска се неухранети. Истото важи и за секој петти станар на старечки дом.
–Резултатите покажуваат дека се додека мирисите на храната се препознаваат, интензитетот на тие мириси нема да влијае на тоа дали ја сакате таа храна или не. Значи, ако сакаме да го подобриме искуството со храната кај постарите лица, поважно е да внимаваме што сакаат да јадат отколку да прашаме какви мириси чувствуваат послабо, заклучува Ева Хоненс де Лихтенберг Броге.
Ова истражување е објавено во списанието Food Quality and Preference. Тоа е дел од проектот Елдорадо. Целта на овој проект е да се проучи како локалните власти во Данска можат да ја зголемат желбата на постарите луѓе кои живеат самостојно да јадат повеќе за да им помогнат да избегнат неухранетост.