Најлесен и најбрз начин за перење на патиките е да ги ставите во машина за перење. Да ги заборавиме околу еден час и тие да излезат како нови.
Експерт и сопственик на компанија за чистење, Вил Ланкстон, откри зошто ова можеби не е најпаметната идеја.
–Ве советувам да не ги перете така патиките, а особено воопшто да не ги ставате во машина за сушење. Топлината може да ги стутка патиките и да го уништи лепакот што ги држи – рече тој.
Машината за сушење може да ги намали и патиките во зависност од материјалот од кој се направени.
Најдобар начин да го исчистите е лесно да го избришете со влажна крпа или да го носите за хемиско чистење.
Да, чини пари, но на крајот ќе чини поефтино бидејќи во спротивно ќе треба да купувате нов пар патики!