Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, објави дека досега примил шест дози вакцини против коронавирусот.
– Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирусот. Првата доза на „Спутник в“ ја примив на почетокот на септември 2020 година – изјави Жириновски.
Тој нагласи дека досега примил шест дози против ковид-19.
– По неколку месеци, нивото на антитела се намали и лекарите ми препорачаа да примам бустер доза. Примив „спутник лајт“ – изјави политичарот.
Потоа, на крајот на летото 2021 година, примил уште две дози од вакцината „ковивак“ од Центарот „Чумакова“.