Поради големиот број на нови инфекции со коронавирус во Хрватска, Загреб воведе нов болнички режим, според кој сите поголеми болници во главниот град стануваат ковид-центри, јавија хрватските медиуми.
Зголемувањето на капацитетите за лекување на пациенти со ковид-19 мора целосно да се реализира до понеделник. Договорен е и диспечер во Итната помош во Загреб кој 24 часа ќе ги следи слободните места во болниците. Договорено е болниците обврзно да пријавуваат состојба во 8, 14, 19 и 24 часот.
Надлежните власти на Москва објавија дека периодов сите вработени ќе бидат пуштени на принуден одмор, а ќе работат само маркетите и аптеките во градот.
Во Србија секој ден се регистрираат голем број на новозаразени, како и смртни случаи.
Ситуацијата е загрижувачка и во Македонија и другите земји од регионот.
СЗО апелира на вакцинација како единствен одговор на пандемијата и најавува дека со пандемијата ќе живееме сигурно и во 2022 година.