Според нутриционистите, пиперките имаат бројни здравствени придобивки, кои не треба да се занемарат.
Покрај примамливиот вкус, тие имаат и посебни лековити својства што ги прават добредојдени за секој оброк. 100 гр свежа црвена пиперка содржи 92% вода, 6 грама јаглени хидрати, 1 грам протеини, 0,3 грама маснотии и 1,2 грама диетални влакна.
Пиперката е одличен извор на витамини А, Ц и Б6. Тоа е добар извор на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, витамин К, манган, витамин Б и магнезиум.
Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали. Пиперките содржат 4 пати повеќе витамин Ц од портокалите и над 30 хранливи материи од групата каротеноиди.
Синергијата на витамините Ц и А, каротеноидите и ликопенот им дава антиоксидантна моќ на пиперките и ги класифицира како суперхрана.